На социјалните мрежи се шири коментар од твитер-корисник кој реагира на казните од системот „Сејф Сити“. Тој вели дека добил казна за возење 54 км/ч на булевар „Александар Македонски“, но веднаш потоа поминал преку две полни линии кај Пластичарска – место каде што, според него, возилата често непрекинато поминуваат – и за тоа воопшто не следела санкција.
Во објавата саркастично додава дека „оваа држава ниту била ниту ќе биде“, алудирајќи на недоследностите во новиот систем за сообраќаен надзор.


