Магионичарот Кико Магико – Кристиан Шопов (https://www.instagram.com/kikomagiko/ ; https://www.facebook.com/MagicKiko/ прави хуманитарна акција. Во месец март и месец април донира еден настап месечно на детски роденден на територија на град Скопје.
Забавата трае околу 1 час и се состои од магионичарско, комично, интерактивно шоу кое се прилагодува за деца од 4 до 10 години во времетраење од 30 минути + дополнителна анимација со игри и уште трикови.
Цената на анимацијата е 5000 денари. Средствата во целост ги донира родителот уплатувајќи ги на сметка на хуманитарната организација Св. Спас (https://www.facebook.com/profile.php?id=100066301368909&sk=about) и истите ќе бидат наменети за подготовка на 50 оброка за социјално ранливите сограѓани.
Усреќувајќи ги децата правите гладот да исчезне. Заинтересираните можат да го контактираат Кристиан во приватна порака.

