16 April, 2026

16 години затвор за Илија Панов за убиството на вонбрачната партнерка Сузана во Кавадарци

Илија Панов, познат по прекарот Јапан, е осуден на 16 години затвор за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана – фемицид што силно ја потресе јавноста, објави 4NEWS.mk.

Злосторството се случило во периодот од 20 до 22 јануари годинава во Кавадарци. Телото на 49-годишната жена било пронајдено на 22 јануари во нејзиниот дом на улицата „Ѓуро Салај“. Таа лежела во спалната соба зад вратата, а целиот простор бил разфрлан, што укажувало на насилна и брутална расправија.

Трагедијата ја открила нејзината ќерка, која, загрижена што мајка ѝ не одговарала на телефонските повици, отишла до домот и се соочила со шокантната сцена.

Жителите на Кавадарци велат дека Сузана живеела тежок и исполнет со предизвици живот, додека за Панов сведочеле дека со години се борел со зависности и имал проблематично однесување.