Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете починаа по пад од балкон во Карпош, молчејќи и со правење гримаси влезе во суд. Беше прашан дали станал поголем маж со насилството кое седум години го трпела Ивана, како што тврди Обвинителството – но не одговори. За него судот извести дека останува во притвор уште осум дена.
Тој молчеше и на прашањата дали чувствува вина, дали со молчење се брани и во судот каде ќе се одлучува за неговиот притвор откако Обвинителството отвори истрага. Кога беше прашан „како можевте седум години да малтретирате жена“, тој мавташе со главата, објави Скопје1.

