Во Битола, четиригодишно девојче е тешко повредено откако било нападнато од скитничко куче во дворот на семејниот дом, објави Сафет Бајрамов.
Според информациите од објавата, кучето го нападнало детето и му нанело повреди во пределот на лицето, градите и рацете. Веднаш по нападот, девојчето било пренесено во болница, каде што лекарите извршиле хируршка интервенција.
Семејството потврдило дека кучето е фатено, а случајот е пријавен во полиција.
Инцидентот предизвика вознемиреност кај локалните жители, кои апелираат до надлежните институции да преземат поефикасни мерки за справување со проблемот со уличните кучиња, со цел да се спречат слични напади во иднина.

