16 April, 2026

Познат идентитетот: Уапсени се десетина лица вработени во УЈП за даночни измами и перење пари

Во вчерашната полициска акција поврзана со даночни измами биле приведени десетина лица, вработени во Управата за јавни приходи. Порталот Нетпрес.мк ги објави имињата на дел од приведените.

Според извори од истрагата, за дел од осомничените може да биде побарана и мерка притвор. Станува збор за: Александар Шутов, Александар Марков, Елисавета Маркова, Адриано Дебников, Џелал Мустафа, Кадифе Исмаили, Раиф Елези и Марјан Марковиќ од Србија.

Пред судија на претходна постапка биле изнесени и други лица лишени од слобода, на кои им биле изречени мерки на претпазливост. Тоа се: Елена Тафчиевска, Кристијан Јовановски, Александар Пехчевски, Гоце Веселиноски, Кети Камилоски, Ваљбона Азири Исмаили, Зухрије Реџепи, Сања Гиевска и Тања Настеска.

Според информации на Нетпрес.мк, сите наведени лица се вработени во УЈП Скопје.

Од Јавното обвинителство синоќа информираа дека под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата, при што се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Од Обвинителството најавија дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни информации.