16 April, 2026

Уапсени над 10 лица во голема полициска акција – меѓу уапсените и поранешни пратенички?

Во рамки на големата полициска акција што се спроведуваше вчера на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување, биле уапсени повеќе од 10 лица.

Според неофицијални информации, меѓу приведените има вработени во Управата за јавни приходи, поранешни пратенички од СДСМ, сопственик на бензински пумпи, како и сопруга на познат доктор.

Овие информации засега не се официјално потврдени.

Се очекува надлежните институции во текот на денот да излезат со официјално соопштение.