15 February, 2026

Семејна трагедија на автопатот Белград–Ниш: Браќа меѓу загинатите и повредените

Во возилото кое денеска се излета од пат на автопатот Белград–Ниш патувале неколку членови на семејството Авдиу од селото Матејче, општина Липково, пренесува ТВ21. Во тешката сообраќајна несреќа животот го загубил Н.А., како и сопругата на Ш.А., додека самиот Ш.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Н.А. и Ш.А. се браќа. Семејството Авдиу се враќало во родното место од Берлин.

Несреќата се случила рано утринава, во близина на јазолот Умчари на автопатот Белград–Ниш. Според првичните информации, патничко возило „Сеат Леон“ со германски регистарски таблички, од засега непознати причини, излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда покрај автопатот.