15 February, 2026

ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15: Регресот за годишен одмор може да изнесува и до 45.000 денари

Поголемиот дел од приватните компании веќе започнаа со исплата на регресот за годишен одмор – познат како К-15. Оваа година просечниот износ што го добиваат вработените во приватниот сектор надминува 18.000 денари.

Во јавниот сектор и администрацијата сумите се пониски, и во просек изнесуваат околу 12.000 денари.

Според законските прописи, регресот може да достигне максимум до висината на просечната месечна плата во државата, што е приближно 45.000 денари. Сепак, секој работодавач самостојно ја утврдува висината на К-15 во согласност со финансиските можности на компанијата.

Законот е јасен – К-15 мора да биде исплатен најдоцна до 31 декември 2025 година. Доколку не се испочитува рокот, следуваат високи парични казни за работодавачите.

Вработените кои нема да го добијат регресот навреме имаат право да поднесат пријава до надлежните институции.