На вечен покој беше испратен Миле Тодоров.
На погребот присуствуваа многу пријатели, роднини и сограѓани, а свој последен поздрав му упати и навивачката група Винари – Неготино, кои со факели и навивачки, но достоинствено и со огромна почит, го испратија Миле на неговиот последен пат.

Сакам јавно да се заблагодарам на сите што во текот на месеците на неизвесност и болка беа со нас — што бараа, што помагаа, што не поддржуваа кога најмногу ни требаше. За жал, приказната заврши трагично и потрагата престана, но спомените и љубовта остануваат.
Почивај во мир, Миле.
Твоето име ќе се носи во срце, вечно.

