Семејството на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино денес ја потврди најтешката можна вест – младиот Миле, кој исчезна во јануари годинава, е пронајден починат.
Неговата сестра Марија се збогуваше од него преку емотивна објава на социјалните мрежи:
„Летај со ангелите, мило наше. Срцата ќе ни останат празни без твојот глас, љубов, добрина и насмевка… Болката е голема, но спомените за тебе ќе живеат засекогаш во нашите срца. Почивај во мир и спокој.“
Погребот ќе се одржи на 5 декември (петок) од 12 до 13 часот.
Семејството, пријателите и сите што го познаваа ќе го испратат Миле во вечниот мир, носејќи го со себе неговиот лик и спомен што никогаш нема да избледи.

