Драмски театар Скопје соопшти дека денеска почина актерот и нивен долгогодишен колега Лазе Манасков.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес. Нека му е вечна слава“, соопштија од Драмски театар Скопје.
Од театарот информираат дека вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одржи и ќе биде посветена во негова чест.
Лазе Манасков беше дел од ансамблот на Драмски театар Скопје и остави силен белег на македонската театарска сцена.

