16 April, 2026

 Голема трагедија ја потресе Македонија: Загина 17-годишниот Доне Димов во сообраќајка

Доне Димов го загуби животот во сообраќајна несреќа во село Тимјаник, откако со мопед удрил во бетонски столб. Несреќата се случила околу 00:50 часот, а смртта на 17-годишниот возач била констатирана на местото од лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Неготино, соопшти МВР.

 Од училиштето се збогуваат со Доне:

  • 21.12.2025, 11:00 – капела во Неготино
  • 21.12.2025, 12:00 – погреб на гробиштата во Тимјаник

„Ќе го паметиме по неговата младост, добрина и присуство меѓу нас. Искрено сочувство до семејството и сите кои го познаваа. Нека почива во мир“, објавија на социјалните мрежи.