15 February, 2026

Имам два сина и ВМРО-ДПМНЕ ми е како трето дете, рече Мицкоски

На средбата во Кавадарци ќе бидат усвоени неколку клучни стратешки документи што, како што истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во „360 Степени“ на МТВ, ќе ја дефинираат идната насока на партијата. Според него, како најголема политичка сила во државата, овие одлуки неизбежно ќе имаат влијание и врз работата на Владата.

Мицкоски потсети дека ова е негов трет мандат и дека партијата ја презел во исклучително тешки околности, но успеал да ја консолидира и да обезбеди убедливи победи на парламентарните, претседателските и локалните избори.

Тој воедно потврди дека нема намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година, истакнувајќи дека таква амбиција ниту има, ниту планира.

„Имам два сина, а ВМРО-ДПМНЕ ми е буквално како трето дете. Да, ова ќе биде мој последен мандат како претседател на партијата, доколку ја добијам поддршката од делегатите. И додека сум на оваа позиција, нема да поддржам никаква иницијатива за промена на Статутот во делот што го ограничува бројот на мандати“, нагласи Мицкоски во емисијата.