15 February, 2026

Бигорскиот манастир доби нов пристапен пат: Изграден и нов паркинг за посетителите

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши санацијата на потпорниот ѕид и заштитата на регионалниот пат Р1202 кај Бигорскиот манастир, со што значително се зголеми безбедноста и удобноста за сите учесници во сообраќајот. Интервенцијата беше од клучно значење, бидејќи овој дел од патот води кон една од најпосетените туристички и духовни локации во регионот.

Дополнително, изграден е и нов паркинг простор за посетителите на манастирот, со што конечно се решава долготрајниот проблем со недостиг од паркинг и се подобрува пристапноста за туристите и патниците.

Работите, кои започнаа минатата година, опфатија низа технички и градежни зафати:

✔️ расчистување на трасата од ниска вегетација,
✔️ машински ископ и изработка на насип,
✔️ поставување тампонски слој од дробен камен,
✔️ поставување нови рабници и метална пешачка ограда на мостот,
✔️ целосно асфалтирање,
✔️ обележување со рефлектирачка патарска боја за поголема видливост и безбедност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 569.591 евра. Изведувач беше „ЕСКАВАТОРИ-МК“ ДООЕЛ увоз-извоз од Скопје, а надзорот го спроведе „ГЕИНГ“ ДОО Скопје.

Со реализацијата на овој проект се обезбедува побезбеден и непречен сообраќај, а истовремено се поттикнува туристичкиот развој и зачувувањето на културното наследство, истакнаа од Јавното претпријатие за државни патишта на Фејсбук.