1 December, 2025

Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија

Али Ахмети од Тетово испрати порака до премиерот Христјан Мицкоски.

Ахмети рече дека ако Северна Македонија не продолжи по патот кон ЕУ, граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да се приклучат кон Албанија, а некои кон Бугарија.

„Затоа, не ги хранете со омраза нашите сограѓани, бидејќи не се Албанците кои ја земаат државата, ниту Албанија, ниту Бугарија. И Албанија и Бугарија се во ЕУ, а ние каде ќе бидеме?“, рече Ахмети.

Голем протест во Скопје во поддршка на поранешните водачи на ОВК од Косово – Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими ќе организира лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Протестот во Скопје ќе биде продолжение на протестите што претходно се одржаа во Приштина, Тирана и Стразбур, каде што ветерани на ОВК, како и граѓани, изразија масовна поддршка за поранешните водачи на ОВК, на кои им суди Хашкиот трибунал.

За организирање на протестот во Скопје, Ахмети се координираше и со организацијата на ветерани на ОВК од Косово.