Помалиот син на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Антониј, е меѓу потешко затруените ученици од скопското основно училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, објави „НетПрес“.
Според информациите, тој бил хоспитализиран и веќе два дена се наоѓа во болница со симптоми на труење и зголемена телесна температура. Во моментов, неговата здравствена состојба е стабилизирана и подобрена.
По утринското известување дека поголем број ученици пријавиле стомачни болки, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во училишната кујна. Кујната е привремено затворена додека се утврдува можниот извор на труењето.
Кујната е привремено затворена додека трае истрагата за утврдување на можниот извор на труењето.

