Градоначалникот на Град Скопе Орце Ѓорѓиевски синоќа изврши вечерна обиколка низ Скопје на веќе отпочнатите проекти, но и оние кои наскоро ќе започнат.
– Скопје, почитувани, нема време за чекање. Ќе вложиме многу труд, енергија и истрајност. Во секоја општина, на секоја улица, во секое маало. Нашата цел е јасна – Скопје повторно да застане исправено, убаво, гордо и со дух што ќе го препознава секој што ќе зачекори во него, порача првиот човек на Скопје.
Информираше дека заедно со градоначалникот на Бутел Дарко Костовски ги зацртале и последните детали за мега паркот во оваа општина кој, како што рече, ќе донесе нова зелена сила и современ простор за идните поколенија.
– Градиме со визија. Скопје го правиме заедно. А најдоброто, допрва доаѓа, рече Ѓорѓиевски.
Со вакво темпо, ветува градоначалникот, Скопје конечно ќе почне да го добива обликот што граѓаните одамна го очекуваат.

