1 December, 2025

Родители на загинатите во Кочани: Секојдневно, осум месеци не убиваат

Дел од родителите чии деца загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани по денешното судско рочиште им се обратија на дел од адвокатите на обвинетите.

– Адвокатите да имаа милост кон нас, родителите. Секојдневно, осум месеци, не убиваат. Господ е голем, он ќе им суди, реагираа дел од родителите.

Револт кон адвокатите пред почетокот на рочиштето искажа и Јулија Златкова, мајка на Томас кој загина во пожарот.

– Јасно ми е дека по закон обвинетите мораат да имаат бранители, меѓутоа чудно ми е што има многу бранители на обвинетите. Дали немате малку совест и чувство на емпатија кога ќе не погледнете нас, семејствата на убиените деца, праша Златкова.

Новото судско рочиште е закажано за 2 декември.

Тензична атмосфера владееше по денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Родители на дел од загинатите млади лица реагираа со гласни повици кон неколку адвокати кои застапуваат обвинети во овој случај. „За колку пари се продадовте?“, „Повторно ги убивате нашите деца“, „Осем месеци нè убивате“ – извикуваа семејствата додека судската постапка се приближуваше кон крајот и сите се упатуваа кон паркингот пред судот.