1 December, 2025

Четврти фемицид годинава: 79-годишна штипјанка убиена по долгогодишно семејно насилство

79-годишната Борјанка од Штип е четвртиот регистриран случај на фемицид во земјава во 2025 година. Како што пренесува Сител ТВ, истрагата утврдува дека жената подолго време била изложена на контрола, малтретирање и психичко насилство, што уште еднаш ја отвора дилемата за тенката линија меѓу семејното насилство и најтешката форма на родово-базирано насилство – фемицидот.

Од Националната мрежа против насилство врз жените предупредуваат дека ваквите случаи речиси никогаш не се случуваат ненадејно, туку претходно постојат јасни предупредувања. „Овие обиди за убиство ретко се појавуваат без најави — има бројни сигнали, пријави и ризици кои може да се препознаат. Често трагедиите се резултат на институционални пропусти што му претходат на фемицидот“, изјави за Сител ТВ Ана Аврамоска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Фемицидот е дефиниран како посебно кривично дело од февруари 2023 година, со построги казни и посебна правна рамка. Но експертите велат дека законската промена е само прв чекор.

Сѐ додека институционалните пропусти останат правило наместо исклучок, ризикот од нови трагедии ќе продолжи да расте