Обилните дождови што ја зафатија Македонија на почетокот од неделата предизвикаа сериозни поплави во Ресен. Според жителите, во понеделникот водостојот на реката што минува низ градот нагло се покачил и почнал да се прелива на улиците, поплавувајќи голем број домови. Многу семејства претрпеа значителни штети, а водата на места достигнувала длабочина од повеќе од еден метар.
Меѓу најпогодените е Беско од Ресен. Иако неговата куќа била целосно под вода, тој се вратил назад за да ги спаси своите три кучиња. На снимките се гледа како се пробива низ длабока вода, носејќи едно од милениците во раце. Успеал да спаси две кучиња, но третото, за жал, се удавило во поплавата.
Жител на градот за „Слободен печат“ изјави дека покрај Ресен, штети има и во повеќе села низ Преспа. „Имаше многу дожд уште од понеделник, се поплавија многу улици и куќи. На дечкото што ги спаси кученцата му се поплави целата куќа“, вели тој.
На видеото може да го погледнете како Беско излегува од вода носејќи еден од своите спасени миленици и минува низ вода чија длабочина сигурно изнесува повеќе од метар и пол.

