Дел од родителите на загинатите деца во кочанската трагедија стравуваат дека нема да се стигне до правдата. На самиот старт на денешното прво рочиште, таткото на загинатиот Андреј Стојанов, посочи дека стравуваат дека ќе бидат изманипулирани.
-На самиот старт на судското рочиште наидуваме на еден голем скептицизам и разработена игра шема на претставници на адвокати и на обвинети кои манипулираат на разни можни начини нашата болка уште да ја продлабочи. Ние сме направени како фигури и бидејќи нашите деца ги нема и нас да не снема на еден начин, така кажано, за да нема ни кој да оди на нивните гробови.
Ме чуди со која свест и кое лице адвокатите на обвинетите се ситат и ќе земат крвави пари и со која гордост ги даваат изјавите дека ова судење ќе трае 15- 20 години. За нас 15 дена или 15 месеци се многу. Веќе одсум месеци поминаа, пренесе Фокус,
Сега ние родителите се чувствуваме изманипулирани на еден начин и стравуваме дека нашата ситуација ќе излезе како судењата за Ласкарци, ќе излезе како трагедијата со автобусот во Бугарија, како модуларна болница.
А кога имавме средби со премиерот, две и со министерот за внатрешни работи исто така две, ни беше кажано дека случајот во Кочани е крајно што може да биде и е врв на сите криминали и лоши настани.
И мора да се направи еден рез, зошто ако не се направи тај рез, не треба да не има нас како држава.
Е сега ова е е еден според нас родителите од најважните испити за државата, бидејќи гледаме како минува времето, некако нас не забораваат, истакна таткото на загинатиот Андреј Стојанов.
Судењето за кочанската трагедија денеска стартуваше во судницата во ,,Идризово”.

