Пред еден час, граѓанин кој се движел кон Клиничкиот центар сподели впечаток кој брзо предизвика внимание на социјалните мрежи.
„Толку тмурно и црно небо немам видено во целиот мој живот во моето Скопје. Апокалиптично и застрашувачки беше“, напиша тој, додавајќи дека целиот амбиент будел чувство на вознемиреност.
Неговата објава го доловува мрачното време што денеска го прекри метрополата. Силните облаци и засилените дождови создадоа сцена која многумина ја опишаа како необично мрачна за овој период од годината.
Иако апокалиптичната атмосфера траеше кратко, доволна беше да предизвика реакции и да потсети колку променливи знаат да бидат временските услови во Скопје.

