1 December, 2025

Убаво што ги пеете песните на ДНК, но каде бевте на Маршот: Гитаристот на ДНК со силна порака до неговите колеги

Скопје минатиот викенд повторно го почувствува товарот на тагата и спомените, кога стотици граѓани се собраа на „Маршот на ангелите“, оддавајќи почит на младите животи згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Меѓу присутните беше и Горан Тонев, гитарист на групата ДНК и еден од преживеаните од трагичната ноќ што засекогаш го промени неговиот живот. Откако тивко и достоинствено го помина маршот, Тонев подоцна се огласи со порака која одекна силно во музичките кругови.

-Колеги, убаво што ги пеете песните на ДНК. А кај бевте на Маршот?, праша Горан на „стори“ на Инстаграм.

Маршот, одржан во саботата, беше исполнет со тишина што зборува повеќе од зборови. Семејства, пријатели, граѓани, сите движејќи се во ист ритам, како да го продолжуваа здивот на оние кои не се меѓу живите.  Инаку, судскиот процес за случајот започнува на 19 ноември, со одржување на првото рочиште.