Советот на Град Скопје донесе одлука за забрана за фрлање смет во контејнерите од 22 до 6 часот.
За непочитување ќе следи глоба од 50 евра.
Со ваквата забрана рекоа од градската администравија, контејнерите ќе се празнат поефикасно и нема да се создаваат депонии околу нив.
„Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио точно за секој камион за различен вид отпад исто беше точно предвидено времето кога се изнесува ѓубрето, кога се собира. Се надевам дека оваа практика ќе биде уште подобра кога ќе бидат воведени и различни корпи за селекција“, рече Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје.
Советничката на Левица, Катерина Јовановска, оваа одлука ја оцени како скандалозна.
„Не може вината за нефункционалноста на комуналното претпријатие да се префрла врз граѓаните. Ограничувањето кога смеат да фрлаат ѓубре, па уште и со казни е невиден скандал“, рече Јовановска.

