1 December, 2025

Владиката со остар став: Не личиме на црква додека има оженети монаси и омажени калуѓерки

И во државата и во црквата есенцијално е да се прекине со неказнивоста, потенцира владиката Петар во поткаст со Љупчо Цветановски. Мора да постои ред и поредок, за да се биде вистинска автоќефална црква.

„Се додека и во црквата, како и во општеството и државата има неказнивост. Се додека кај нас има расчинети свештени и свештомонашки монаси, монахињи и калуѓерки, луѓе кои се уште не ја напуштиле службата монашка или свештеничка, го напуштиле монашкиот завет, а не се расчинети од страна на црковните судови и тие се, некои од нив дури и оженети, омажени и така натаму, имаат семејства. Не личиме на црква така“, констатира владиката.

„Ние мораме, како што во државата се поставуваат прашањата да проработи правниот, уставниот систем и обвинителството, така мора и во црквата тоа да функционира беспрекорно ако сакаме да има ред и поредок и да видиме вистинска автоќефална црква“, посочи митрополитот преспанско-пелагониски.