Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија, информира за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за утре, среда (11 март).
Без струја утре ќе останат следниве делови од главниот град:
Општина Карпош – од 08:30 до 12:00 часот, корисниците на булевар „Партизански одреди“ бр. 125-2.
Општина Ѓорче Петров – од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на ул. „Шидска“, во близина на менувачницата „Срна“.
Населба Лисиче (општина Аеродром) – од 09:00 до 14:00 часот, делови од ул. „Тодор Чангов“ (околу броевите 30 и 38).
Населба Драчево (општина Кисела Вода) Од 11:00 до 13:00 часот, дел од ул. „Ѓорѓи Динката“, во реонот кај основното училиште „Кузман Шапкарев“.
Прекините се поради планирани технички интервенции во мрежата.

