5 March, 2026

Стојанче Јовановски на 19 јануари годинава ја бутнал по скали Ивана на Клиниката за дигестивна хирургија, по што таа паднала во бесознание

Стојанче Јовановски, осомничен за наведување на самоубиство на сопругата Ивана Јовановска, која заедно со ќерката скокна од балкон во скопско Тафталиџе, на 19 јануари годинава физички ја нападнал Ивана во болница.

Според извори на „Слободен печат“ кои се запознаени со случајот, тој ја бутнал по скалите додека таа била хоспитализирана на Клиника за дигестивна хирургија при Клинички центар „Мајка Тереза“. Инцидентот бил виден од сведоци, а за него постои документ – отпусно писмо – кое ја потврдува присутноста на очевидци.

Ивана била хоспитализирана од 15 јануари, а Стојанче дошол на посета. По нападот, кој се случил пред болничарот и пред детето, Клиниката веднаш повикала полиција. На местото на настанот пристигнале и две службенички од Центар за социјални работи Скопје за да разговараат со Ивана.

Сепак, Стојанче не бил уапсен, туку си го зел детето од болницата и си заминал, иако настанот бил документиран и известен пред надлежните институции.