3 March, 2026

„И јас бев на работ да го сторам истото – не секој има храброст да се избори со змијарникот“, се вели во објава на Фејсбук

По трагедијата што ја потресе јавноста, на социјалните мрежи се појавија бројни реакции, меѓу кои и статус што предизвика силни емоции и дебата за одговорноста на институциите, насилството и психолошката состојба на жртвите.


„Денешните ЖРТВИ на сатанистичкото дувло ЦСР. Жената пријавувала стотици пати. Никаков слух. И менталниот склоп на населението е толку осудувачки и психолошки пореметен што фрлаа со камења по мртва Жена. Претходно нон стоп тепана и таа и детето. Ниту ја оправдувам, ниту ја осудувам што со неа отиде најмилотото.

Јас во 2022ра од притисоците на ДУВЛОТО ЦСР и од нивната ноншалантност и индиферентност се качив на покривот на зградата во Карпош да летнам ко Кондор, ама помина долу дете со иста јакна како син ми и си реков: Ова ти е знак. Слези по скали и еби му матер, твоите деца ќе останат без заштита на овој посран свет. Слегов и им ебав матер. Но, пред да осудите ваков акт треба да имате полагано испити по психологија и психијатрија со нега. Не секој има храброст и лудост да се избори со тој змијарник. И да знаете ова не е класично самоубиство, ова е САМОУБИСТВО ОД ЗАСЕДА.

Насилникот треба да се терети по член 123 од законот. Само тогаш ќе бидеме барем малку мирни во однос на правдата на овој малиген систем. Исто така и социјалните НЕРАБОТНИЦИ до еден да одговараат. И пред да вработите социјален работник направете му клинички психолошки профил на личноста.

Почивајте во мир, а вие во канцелариите еднаш пресудете машки. ДОЖИВОТНА. 💔🥲“ се вели во објава на Фејсбук.