3 March, 2026

Земјотрес регистриран во близина на Тетово

Утринава во 05:21 часот е регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала на територијата на Македонија, во близина на Тетово.

Според достапните податоци од апликациите за следење на сеизмичка активност, епицентарот бил лоциран во близина на тетовскиот регион. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Станува збор за земјотрес со слаб интензитет, кој најчесто може да биде почувствуван од дел од населението во близина на епицентарот, но без последици.

Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата.