Инцидент пред малку се случил кај зградата „Алумина“ во скопски Карпош. Жители на овој дел на Скопје сведочат за зголемено присуство на полицијата на местото.
Екипи на Брза помош и увидни екипи на полицијата се на терен, а засега не се познати причините за инцидентот и од каков карактер е истиот.
На терен е излезено и Обвинителството, неофицијално дознаваме од наши извори.
Неофицијално, можно е да станува збор за мајка и дете кои настрадале при пад од балкон на зграда.
Се очекуваат официјални иформации од надлежните.

