1 March, 2026

(Видео) Ирански напад врз аеродромот во Дубаи, луѓе бегаат во паника

Паника и евакуација настана во раните утрински часови на Dubai International Airport, откако беа пријавени ирански напади врз цели во земји од Персискиот Залив.

Драматични снимки прикажуваат патници како трчаат низ коридори исполнети со чад, додека службите за итни случаи интервенираат на терен. Од управата на аеродромите во Дубаи соопштија дека четворица вработени се повредени и им била укажана медицинска помош. Чекалната претрпела „мала штета“, а сите летови до и од двата главни аеродроми во градот се суспендирани до понатамошно известување.

Патниците се повикани да не се упатуваат кон аеродромот и директно да ги контактираат своите авиокомпании за информации околу летовите.

Експлозија е регистрирана и во луксузната област Palm Jumeirah, каде што бил погоден хотелот Fairmont The Palm. Објектот бил зафатен од пожар, а видеоснимки покажуваат дрон кој се спушта непосредно пред ударот.

Напади се пријавени и во други земји од регионот. На Zayed International Airport во Абу Даби, напад со беспилотно летало резултирал со една жртва и седум повредени, соопштија локалните власти. Во Doha биле пресретнати ракети над главниот град, додека на Bahrain International Airport напад со дрон предизвикал измени во воздушниот сообраќај.

Иако официјалните причини за евакуацијата во Дубаи не се целосно објавени, извори од воздухопловството за Reuters изјавиле дека ирански напад во текот на ноќта оштетил еден од терминалите.

Надлежните служби во погодените земји продолжуваат со проценка на штетите и истрага за околностите на нападите. Ситуацијата во регионот останува напната.