1 December, 2025

Скопје добива нов Божји храм посветен на Светиот Великомаченик Димитриј

Скопјани ќе добијан нов православен храм кој ќе го носи името на Светиот Великомаченик Димитриј. Темелите беа удрени денеска, токмну на денот кога се чевствува овој голем светец.

– На овој голем ден, посветен на Светиот Великомаченик Димитриј, со особена духовна радост започна изградбата на нов Божји храм во Потстаница, кој ќе го носи името на светиот заштитник. Скопје и Македонија се благословени со бројни цркви и манастири кои ја чуваат верата и традицијата на нашиот народ, објави денеска новоизбраниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. 

– Овој храм ќе биде уште едно свето место каде верниците ќе се собираат на молитва, со љубов кон Бога и заедништво, додаде Ѓорѓиевски кој денеска беше меѓу верниците и свештените лица кои го осветија поставувањето на темелите на новиот верски објект.