2 March, 2026

Мајката на серискиот убиец: Мојот син не е виновен, мирен е, селаните му се љубоморни

Мајката на осомничениот за убиствата на жените во Челопек и Драгоманце не сака да се снима пред камера, но тврди дека нејзиниот син не е виновен. Имал психички проблеми и неможе да зборува, а таа го носела и на лекар. Мајката вели дека напасувал овци, бил мирен, но селаните им биле љубоморни бидејќи имале 250 овци и не ги сакале, а нејзиниот син го пријавувале во полиција за кражби. Сега мајката вели дека под притисок ќе каже дека сторил нешто за што не е виновен. А вината ја насочуваат и кон таткото на осомничениот кој му испраќал пораки и го учел да им прави лошо , пренесува кумановското радио Бум.

Жителите на Драгоманце и Челопек велат дека осомничениот за убиствата на жените не бил сам во делата кои ги извршил. Претседателот на месната заедница во Челопек, Стојан Станковски вели дека сите се под клуч, дека се плашат за нивната безбедност но и дека осомничениот не можел сам да ги планира и извршува делата.

Трајче Спиридоновски, сосед на семејството на осомничениот со години имал проблеми со нив, а осомничениот за убиставата на жените го нападнал и него, вели тој.