Херојот на маратонското пливање Марко Пејчиновски повторно се соочува со сериозен предизвик. По сообраќајната незгода во 2024 година и повеќе од една година болка и неизвесност, конечно беше поставена точната дијагноза, хронична AC дијастаза од четврт степен, односно скинати лигаменти на рамото.
Ова е шеста операција во неговиот живот, но наместо разочарување, Марко испрати порака на сила и благодарност. Вели дека сè додека тој се бори, а не некој негов близок, има причина да биде благодарен и да продолжи напред. Пред него следува период на рехабилитација, но јавноста знае дека ова не е прва битка што ја води.
Марко Пејчиновски многупати докажа дека падот не значи крај, туку подготовка за ново издигнување. Неговата приказна е повеќе од спорт, таа е лекција за истрајност, вера и срце на вистински шампион.
Фотографиите погледнете ги тука

