2 March, 2026

Со туѓ Голф удрил во маркет и избегал, вработена со телесни повреди

Вчера во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница пријави дека одземено е патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го користел со дозвола од сопственикот и било оставено паркирано со клуч на бравата.

Лицето кое го одзело возилото, се движело кон с.Палатица кога предизвикало сообраќајна незгода и удрило во објект на маркет, по што го напуштило местото. Во несреќата, со телесни повреди се здобила Л.К.(23) од Палатица, вработена во маркетот, а предизвикана е и материјална штета на објектот.

Возилото е одземено и сместено во кругот на СВР Тетово по наредба на јавен обвинител, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.