6 March, 2026

Осум возила се искршиле на патот Штип–Скопје

Во несреќата која се случи утринава на автопатот Штип–Скопје, се судриле осум возила, јавуваат од МВР.

Денеска околу 07:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека по наплатната станица „Преод“, во насока кон Скопје, дошло до судир меѓу осум возила.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.

Увидот е во тек.