Роднини, пријатели и познаници на социјалните мрежи се простуваат од Виктор Илиоски (39) од Прилеп, кој исчезна во саботата, 14 февруари.Во еден од последните коментари на мајката Роза се наведува:
„Син ми почина…“
Триесет и деветгодишниот Виктор исчезнал попладне околу 14 часот, а семејството веднаш апелираше до јавноста за помош во потрагата по него. Според информациите од блиските, Виктор последен пат бил виден облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики, без поголема сума на пари со себе. Неговиот мобилен телефон бил со него, но не одговарал на повици.
Неговиот татко, Д.И. (69), во неделата попладне го пријавил исчезнувањето во полиција.

