Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе поради значителното намалување на сообраќајните прекршоци и незгоди.
„Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Имаме драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба со периодот пред два месеца, кога започнавме со тест-периодот. Од околу 120 илјади прекршоци, бројката е намалена на околу 500, регистрирани од паметните камери“, истакна Тошковски.
Тој упати голема благодарност до граѓаните и совесните учесници во сообраќајот, нагласувајќи дека токму нивното одговорно однесување придонело за ваквите резултати.
Министерот додаде дека во изминатите два месеци, на територијата на СВР Скопје, бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди е намален за 35 проценти, додека бројот на смртни случаи е намален од 11 на 4.
„Ви честитам за сето ова. Со имплементацијата на овој проект и уште во првите часови од неговата примена, покажуваме дека европските вредности можеме успешно да ги воведеме и во Македонија“, порача министерот Тошковски.

