14 February, 2026

Каспер ја вери Мина Костиќ со прстен од самопослуга? Сличен се продава за 85 долари

Пејачката Мина Костиќ го покажа вереничкиот прстен што ѝ го подарил нејзиниот емотивен партнер, Мане Ќурувија Каспер.

Како и секогаш, секој нивен чекор внимателно се следи на социјалните мрежи, па веднаш започнаа шпекулации околу вредноста на прстенот.

Една страница која објавува хумористична содржина сподели фотографија од раката на Мина со прстенот, заедно со скриншот од веб-страницата на познатиот трговски синџир „Волмарт“, каде што наводно е прикажана цена од 84,99 долари.

Според објавата, постои можност за избор на боја на каменот, а Каспер, наводно, се одлучил за сина варијанта.

Во меѓувреме, на популарната платформа за онлајн-куповина „Амазон“ се појави и сличен модел, но со нешто повисока цена – 144,99 долари. Сепак, засега станува збор само за шпекулации, бидејќи сличноста меѓу моделите е навистина голема.