16 April, 2026

Вака ли се однесуваат нашите гастербајтери и кога се во странство? Скопјанец сведочи дрзок инцидент

Скопјанец посведочил на еден непријатен инцидент, во кој „главниот актер“ бил несовесен возач, кој всушност бил гастрабајтер.

Тој вели дека бил сведок каде возачот му го попречил патот на велосипедист пензионер и наместо да му се извини, тој дрско го нападнал со навредливи зборови.

– Попладнево бев сведок на ситуација, во која возач, нашинец од Шведска, му го попречи патот на велосипедист пензионер, на велосипедска патека. Ај што не се извини, туку, го нападна човекот со псовки и закани, а во еден момент тргна и физички да го нападне. Среќа се повлече откако дојдов до него и му предложив “ќотекот” да го почне од мене. Наапан се врати во кола, продолжувајќи со псости и закани и си замина. Сведоци беа и две госпоѓи, кои активно се вклучија во одбрана на велосипедистот, по што си разменивме телефонски броеви за процесуирање на гастарбајтеров, споделува скопјанецот кој сведочел на случката.
Вели дека фотографијата е направена во договор со велосипедистот и повика на граѓанска одговорност и проактивност во слични ситуации.

– Сликајте ги несовесните, да пробаме да ги превоспитаме. Не верувам дека вака се однесува, кога е во Шведска, напиша загрижениот скопјанец.