По речиси три години откако јавноста дозна за љубовната врска меѓу Тамара Тодевска и Лука Радовиќ, се чини дека пејачката со почетокот на новата година затворила едно и отворила ново љубовно поглавје. Иако подолг период уживаше во врска со архитектот, кој беше многу близок и со нејзините деца Дарен и Хана, сè повеќе индиции упатуваат на тоа дека нивната врска е завршена.
Највнимателните следбеници забележаа дека од инстаграм-профилот на Тамара се избришани сите заеднички фотографии со Лука, а двајцата повеќе не се следат ниту на социјалните мрежи.
Дополнителен повод за шпекулации беше и неодамнешното видео што Тамара го објави на Инстаграм. Инспирирано од серијата „Белиот лотос“, видеото на духовит начин прикажува како изгледа кога една слободна мајка повторно оди на состанок, што кај многумина ја отвори дилемата – дали пејачката повторно е сингл?
Да потсетиме, врската меѓу Тамара и Лука стана јавна во 2023 година, по нејзиниот развод од Александар Димитровски – Мачка. Во тој период таа отворено зборуваше за новата љубов, често споделуваше заеднички моменти и не криеше дека е среќна и исполнета.
„Спонтаноста, едноставноста и позитивната енергија се особини што секогаш ме привлекувале. Лука е многу внимателен и посветен, па затоа и добро функциониравме“, изјави Тамара во 2024 година за „Слободен печат“.
Засега нема официјална потврда дали нивната врска навистина е завршена, но последните објави на пејачката оставаат впечаток дека таа е фокусирана на себе, на децата и на сопствениот внатрешен мир.

