14 February, 2026

Нови детали за пожарот во Швајцарија: кацигата на келнерката предизвикала трагедија

Швајцарските истражители открија детали за трагичниот пожар во популарен ноќен бар, кој однесе 40 животи и повреди над сто лица. Инцидентот се случи додека 24‑годишната келнерка Сиан Панин служела шампањ со прскалки, носејќи заштитна кацига што ѝ го ограничувала видното поле.

Истрагата покажува дека кацината била побарана од сопственичката на барот, Џесика Морети, со цел служењето да изгледа спектакуларно. Поради ограничениот виден опсег, Сиан не забележала дека искрите од шампањот го зафатиле плафонот, што предизвикало брзо ширење на пожарот.

Покрај Сиан, во трагедијата загина и 23‑годишниот диџеј Матео Лесгуер, кој во моментот ја носел келнерката на своите раменици. Многу од повредените се во критична состојба со тешки изгореници.

Швајцарските власти најавија дека истрагата продолжува и дека ќе следат кривични пријави за одговорните лица.