15 February, 2026

Уште пред 4 години бил казнет за возење без дозвола: Нови детали за минатото на Саитов

По распишувањето на меѓународната потерница за 18-годишниот Саит Саитов, осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, во јавноста излегоа детали од неговото полициско досие.

Податоците покажуваат дека младиот возач и претходно бил санкциониран за сериозни прекршувања на сообраќајните правила.

Уште во 2022 година, СВР Скопје му изрекло санкција на Саитов за управување моторно возило без возачка дозвола, согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Овој податок укажува дека тој уште како малолетник управувал возила без потребните дозволи и соодветни познавања.

Во истата година, полицијата презела мерки и против неговиот татко, на кого му била поднесена прекршочна пријава бидејќи свесно му го отстапил возилото на својот син, иако знаел дека тој нема положен возачки испит, согласно член 317 од истиот закон.

Саит Саитов во моментов е недостапен за органите на прогонот.