15 February, 2026

Убиство во Богданци: Син ја уби 58-годишната мајка, па сам се пријавил во полиција

Уапсен е мажот од Богданци кој со остар предмет ја повредил мајка си која починала од нанесените убоди. Тој сам се пријавил во полиција. 

– На 12.01.2026 во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци. Вчера околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата, информираа од МВР. 

Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.

Како што информираа од МВР денеска, во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото.

Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.

По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.