16 April, 2026

Мицкоски со бадниково селфи: Паричката кај помалиот син

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи сподели семејно селфи по повод Бадник, на кое се гледа дека паричката од бадниковата погача се паднала кај неговиот помал син.

Како и секоја година, премиерот Бадник го дочека во семејна атмосфера, заедно со сопругата, двете деца и неговите родители, почитувајќи ја православната традиција.

„На традиционална бадникова вечера со моите најблиски. Ова се празници на љубов, дарување и почитување. Честит Бадник. За многу години“, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук.