15 February, 2026

Македонска компанија ги изненади вработените со бонус од 5.000 денари за Божиќ

Стокомак ја слави посветеноста на своите вработени, објави еден од најголемите ланци на макрети во Македонија на својата фејсбук страница.

– По повод Божиќ, речиси 1000 наши вработени добија верски бонус од 5000 денари како признание за нивната посветеност и труд во изминатата година, се вели во објавата.

Бонусот е наменет за припадниците на христијанската вероисповест.

За нашите вработени муслимани, верскиот бонус ќе биде исплатен пред Рамазан Бајрам.

Среќни празници!

Со почит,
Ваш Стокомак, додаваат од компанијата.