15 February, 2026

Ќе те убијам“: Вака ѝ се заканувало семејството на 2-годишното дете кое почина, на докторка во Градска болница

Една од докторките на смена во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, која прва го примила двегодишното дете со заскитан метален фрагмент во главата на новогодишната ноќ (детето подоцна почина во Клинички центар), добила закани по живот од членови на семејството, тврдат сведоци и вработени во болницата за „Слободен печат“.

Сепак, инцидентот не бил пријавен во полиција, затоа што за здравствените работници ова, како што велат, е речиси „добар ден“.

Секојдневно се изложени на навреди, закани, физички напади, пцовки и притисоци, особено при случаи кои се животозагрозувачки и стресни.