15 February, 2026

Две вработени во обложувалница во Струга лажеле дека се ограбени, парите си ги поделиле

Две вработени во спортска обложувалница во Струга лажно пријавиле разбојништво.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д. (43) и Д.М. (48), двете од Струга, поради основано сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.

Според информациите од полицијата, двете вработени, по претходен меѓусебен договор, на 30 декември 2025 година во ОВР Струга пријавиле дека во спортската обложувалница каде што работеле наводно влегло машко лице кое со закана со пиштол им ги побарало парите од дневниот промет, по што избегало.

По преземените мерки и проверки било утврдено дека пријавеното разбојништво е лажно пријавено, по што против двете лица е поднесена соодветна кривична пријава.