Тешко е повредено 19-годишно момче од Скопје откако паднало од третиот кат на куќа во општина Илинден.
Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот, кога младиот човек, кој бил на гости кај роднини заедно со својата мајка, од засега неутврдени причини паднал од третиот кат на објектот.
Според првичните информации, момчето имало одредени здравствени проблеми.
По падот, 19-годишникот се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите ја констатирале сериозноста на повредите.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

